Вики Миљковиќ е една од најпопуларните пејачки во Србија и регионот, а сега се појави фотографија од почетокот на 90-тите која јавноста немала можност да ја види.
Иако сега има долга брановидна коса, Вики е целосно непрепознатлива на оваа слика, бидејќи има шишки, додека едниот дел од косата и е врзан во опавче, а другиот залижан. Она што ја издава на оваа слика е нејзината препознатлива широка насмевка која и денес го краси нејзиното лице.
Вики е една од омилените ментори во натпреварот „Звезде Гранда“, па често имаме можност да ја видиме како ги брани своите кандидати во емисиите, а на многумина им помага и по завршувањето на натпреварот.
„Јас сум нормален човек“
– Секој што ме познава малку поприватно знае дека сум нормален човек и дека сакам тоа што го имам да го споделам со луѓето. Никој никогаш не ми влегол дома без да биде послужен, никој не излегол од мојот дом гладен, многумина дури и сум облекувала – изјави Вики во една прилика.
фото:Инстаграм/вики миљковиќ