Радио Милева „самоубиство од заседа“...

Карлеуша сама си се „закопа“: Сто пати себе си се нарече МИЛФ-ица, а сега се „истрча“ дека тој збор ја нервира и го мрази (ФОТО)

Карлеуша сама си се „закопа“: Сто пати себе си се нарече МИЛФ-ица, а сега се „истрча“ дека тој збор ја нервира и го мрази (ФОТО)

Пејачката Јелена Карлеуша се огласи на Инстаграм, тврдејќи дека и пречи сексуалното етикетирање на жените со зборот „Милф“, а твитерџиите не можат да престанат да се потсмеваат со неа бидејќи во минатото многупати и самата така се нарекувала.

„Ако мразам нешто, тоа е кога за една жена велат дека е Милф. Зошто категоризација и групирање? Кога жената е бомба, таа е бомба, без разлика на возраст, број на деца итн. Патетични се тие одвратни категоризации што ги даваат мажите“, напиша таа, меѓу другото, на Инстаграм.

Сепак, Јелена Карлеуша беше таа која со години се нарекуваше „Милф“ жена.

Терминот „милф“ (Mother In Lovely Fu*k) значи сексуално привлечна жена која можеби е мајка (но не мора) и која е неколку години постара од личноста што го користи терминот.

Многупати во минатото Карлеуша така се нарекувала  самата себеси со ставање опис на фотографиите токму со зборот  – „Милф“.


Дури и на моделот и манекенка Софија Милошевиќ, откако таа доби дете и напиша – „Добредојдовте во клубот Милф“.

Белградската „мала од скандала“ уште во 2015 година самата се нарече „Квин Милф“ и објави фотографија во маичка на која пишува „Милф“!

Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar/ Twitter

To top