Пејачката Ана Бекута последната година успеа да ослабне, а посебно откако остана без нејзиниот емотивен партнер Милутин Мркоњиќ Мрка.
Пејачката на последната објава на Инстаграм во тесни кожни хеланки и мајца ја покажа својата нова линија, а на жените им испрати моќна порака по повод 8ми март.
-Гледам дека цел Белкан пее – „уметница мора биди здрава“, па мислам дека овој 8ми март е идеален да го посветиме на женското здравје. Секоја жена мора да биде здрава. Девојки, немојте фризерот и шминкерот да бидат поважни од гинеколог и мемографија. Немојте козметиката да биде поважна од вежбањето. Немојте она што е на вашето тело да биде поважно од она што е во вас. Медиумите и Инстаграм знаат да бидат нереални стандарди за убавината и стилот на животот. И поради тоа многу жени се незадоволни со себе, порача Бекута,па откри како се чувствува.
– Тоа многу ме растажува. Љубовта кон себе лекува. Среќен ден на жената, напиша Бекута.
За потсетување, кон почетокот на декември почина партнерот на Ана Бекута, па тогаш на краток период се повлече од медиумите.
фото: нстаграм/анабекута