Пејачката Сека Алексиќ проговори на темата „Денот на жената“. Па откри зошто не го признава овој празник.
-Во мојот дом не се почитуваше овој празник бидејќи мама и баба сметаа дека на жените, љубов, внимание и подароци треба да им подаруваат многу често, а не само еден ден во годината. Посебно кога се работи за љубов. Човекот во себе или ја има или ја нема. Оној кој ја нема подарува подароци на Денот на жената, а оној кој има подарува секој ден, нон – стоп. Тоа е разлика. Јас така сум учена и ден денес мислам дека тоа е точно. Не сум личност која го слави овој датум и не верувам во него, вели пејачката и додава:
-На никој не честитам. Како што кажав, не го признавам тој празник. Вељко купува цвеќе на неделно ниво. Знае дека сакам цвеќе и во нашиот дом секогаш има вазна во која стои букет. Тој редовно купува и ми донесува, вели Сека.
Инаку, Алексиќ е во брак со сопругот Вељко и имаат два сина.