Тој отсекогаш бил и креативец и уметник и боем, понекогаш во животот и негативец, но никогаш не заборавил да биде џентлмен. Особено кон дамите, и тоа најмногу, веројатно кога е заљубен. А бидејќи од љубов не се бега, Игор Џамбазов и овој пат не можеше да избегне под женски импресии да покаже колку го фасцинираат припадницките на понежниот пол. И тоа одново го стори во свој стил, токму на нивниот ден – денот на жената 8-ми Март!
На сите логично не можеше да им подари ништо друго освен еден убаво спакуван „хвалоспев“ од срце, за тоа што кај жените го воодушевува, фасцинира, импресионира… штокоја е таа нивна особина која нему најмногу му се допаѓа.
Осмомартовската честитка во вид на порка со дополнителна честитка, а во пораката Џамбазов го истакнува и фали она што кај жените најмногу го пали:
„Жени, мене ме импресионира вашата упорност. Она што ќе го намислите, не сте мирни додека не го остварите. Иако, понекогаш знаете дека тоа е погрешно. Но, тоа ми се допаѓа! Тоа е филм, тоа е став!“ – напишал Џамбазов во пораката, со која им го честите 8-ми Март на сите жени.
Онака во свој филм, но под женски импресии, може да се заклучи дека Џамбазов е најмногу фасциниран од женскиот став! А ставот меѓудругото, може да биде и стоечки, клечечки, лежечки… или каков веќе! Важно да е цврст и одлучен. Среќен 8-ми Март!
Фото: Инстаграм принтскрин/igordzambazov