Во саботното издание на емисијата „Ѕвездите на Гранд“, настапуваше шеснестгодишната струмичанка Драгана Костова.
Драгана пееше во дуел со Милица Мишиќ од Смедерево.
Македонската кандидатка се претстави со песните „Тајно моја“ и „Танго“ и освои вкупно шест гласа, па помина директно во следниот круг.
-Драгана, браво за втората песна, за првата може да дискутираме, но ти честитам за втората, еден ораториум кој растури, изјави Драган Стојковиќ Босанац.
Саша Поповиќ истакна дека Костова била феноменална, и дека нема што многу да се дискутира, па така акцент падна на нејзината противкандидатка Милица.
Менторката Марија Шерифовиќ беше задоволна од настапот на Костова.
-Вечерва беше одлична. Втората песна беше фантазија, истакна Шерифвиќ.
Инаку, и во претходните кругови Драгана ги освојуваше сите гласови од жирито и добиваше пофалби од жирито.
Како Македонката ќе се подготви за следниот круг на „Ѕвездите на Гранд“ останува да видиме.
За потсетување, Драгана учествуаше во „Неки нови клинци“ во втората сезона и го освоите второто место.
Настапот на струмичанката може да го погледнете во видеото подолу на 44:58.
фото: принтскрин/јутуб/зведе гранда/ Z. K. Munja / E. Srdić / L. Cvetković