На снимањето на нова емисија на „Ѕвездите на Гранд“ дојде до интересна ситуација меѓу Светлана Цеца Ражнатовиќ и Драган Стојковиќ Босанац.
Имено, на почетокот Саша Поповиќ кажа дека Босанац тој ден е посебно внимателен кон Цеца.
-Босанац кога дојде ја бакна само Цеца, вели Поповиќ во најавата за емисијата која ќе се емитува во сабота.
Композиторот сакал да ја „исправи неправдата“ па започнал да ги бакнува сите колеги во жирито, а кога дојде до Ражнатовиќ за малку да ја бакне во уста.
Меѓутоа, пејачката се сврте, па се бакнаа во образ.
-Јас кога бакнувам тоа е страшно,,се пошегува Босанац.
фото: принтскрин/јутуб/звезде гранда