Радио Милева нова „ѕвезде гранда“ двојка?

Дамјан Димевски и Ана Михајловиќ од „Ѕвездите на Гранд“ се музички или љубовен пар?

Дамјан Димевски и Ана Михајловиќ од „Ѕвездите на Гранд“ се музички или љубовен пар?

Во „Ѕвездите на Гранд“  сезона 2020/2021 учествува и Македонецот Дамјан Димевски кој е под менторство на Александар Милиќ Мили.

Дамјан од круг во круг воодушевува со своите настапи и ги добива сите гласови од жирито.

Во една од претходните емисии, Дамјан настапуваше во дуел со противкандидатката Ања Михајловиќ од Белград.

Додека Димевски ја изведуваше песната „Никој како тебе не бакнува“, тој ја покани Ања на сцената, па таа го бакна во образ додека тој ја пееше песната.

Потоа, кога Ања ја пееше „Брука“ од Цеца Ражантовиќ, Македонецот и се придружи на противкандидатката на сцена.

Жирито имаше пофални зборови за двајцата кандидати, па истакнаа дека изгледаат преслатко.

По нивниот „дуел“ или заеднички настап започнаа гласини и шпекулации дали  се само пријатели или се новиот естраден пар.

Деновиве, скопјанецот одговараше на прашања на следбениците, па така некој го праша дали тој и Ања се заедно. Меѓутоа, тој не одговори.

И таа одговараше на прашања, па следбениците исто така ја „бомбардираа“ со прашањето дали има нешто меѓу неа и Дамјан.

Прво, некој ја праша што мисли за Димевски, а таа одговори:

-Ма што да кажам за ова момче Македонче?

Меѓутоа, кога некој од слебениците ги праша дали се заедно или не, а не да се играат како мали деца, Михајловиќ одговори:

-Шегата на страна, и да не сме и да сме, тоа е нешто дел од нашиот приватен живот и на таквите теми таму им е местото.

Тие не потврдија, ниту демантираа дали се заедно или не, а дали се љубовен или музички пар ќе покаже времето.

Инаку, во „Ѕвездите на Гранд“ се запознаа и македонската пејачка Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ кои започнаа врска, запловија во брачните води и го имаат синот Максим.

фото: инстаграм/ damjan.dimevski/anja_miihajlovic

To top