Младата и талентирана пејачка Драгана Костова од Струмица, оваа сезона имаме прилика да ја гледаме во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Драгана со секое свое појавување и настап досега успеа да го воодушеви жирито, публиката, па и нејзината менторка Марија Шерифовиќ.
Од жирито таа најчесто добиваше пофални зборови, па членовите најчесто коментираа – „Браво девојче“
Имено, во последното нејзино претставување во музичкото шоу Марија имаше само пофални зборови за Македонката. Таа истакна дека Драгана пее многу подобро на пробите и дека растура како вокал.
Деновиве, македонското девојче заедно со нејзината менторка Шерифовиќ заедно работат на подготовките и претставувањето на Драгана во следната фаза.
Тие заедничката соработка ја овековечија со заедничко селфи кое Костова го објави на својот „Инстаграм“.
Двете пејачки позираат рамо до рамо, насмеани, а и си личат една на друга.
Како Марија ќе ја подготви нашата претставничка, дали Драгана ќе ги примени советите од нејзината менторка, ќе помине понатаму во шоуто, а можеби ќе стигне во полуфиналето, па и во финалето останува да видиме.
Инаку, Костова учествуваше во „Неки нови клинци“ и во втората сезона го освои второто место.
фото: инстаграм/draganakostovaa