Учесничката во „Ѕвездите на Гранд“, Марина Радосављевиќ е претепна во недела вечер на паркинг пред настап во Врњачка Бања.
По повод овој инцидент таа се огласи на својот Инстаграм. Српските медиуми пишуваат дека сопругата на нејзиното бившо момче нарачала да ја претепат.
Како што кружат гласини, Марина била во врска со зафатен маж. Наводно, тие раскинале пред околу шест месеци.
Пејачката за курир.рс истакна дека во полиција ќе ја прошири својата изјава и дека се сомнева во една личност.
-Се подготвувам да одам во полиција да ја проширам својата изјава и да кажам во кој се сомневам. Кога се случи тоа се преиспитував. Дојдов до заклучок дека мотивот за ваков напад можеби е нечија љубомора. Сега кога ќе го вратам филмот, мислам дека било испланирано. Се знаеше кога ќе дојдам во тој локал и во кое време. Многу сум исплашена, иако се трудам да бидам храбра. Овде е мала средина, сите се знаат. Страшно е што двајца мажи и се приближија на жена и немилосрдно ме тепаа. Можев да останам мртва и да не го направиме овој разговор,изјави пејачката.
На прашањето дали е можна љубомора сопругата на нејзиното поранешно момче, таа потврди.
-Се е можно. Не сакам сега ништо да тврдам. Ова е некој вид на љубомора, заплашување и закани. На никој не сум должна, ниту пак некој ми должи. Добивав закани досега, се работи за личност које е психички болна. Таа им се заканува на многу жени и девојки во Врњчка Бања, изјави таа пејачката.
За потсетување, Марина истакна дека кога дошла на паркинг двајца маскирани мажи ја турнале на под и почнале да ја удираат.
фото: инстаграм/marina.radosavljevic.maky