Тијана Дапчевиќ периодов има полна агенда со професионални обврски.
Имено, таа со песната „Љуби, љуби, довека“ ќе учествува на Беовизија односно ќе се бори да ја претставува Србија на Евровизија во Торино, Италија.
Дапчевиќ пред неколку дена снимаше и видеозапис, а истиот наиде на позитивни коментари од публиката.
Тијана деновиве гостува по разни емисии каде што ја промовира песната. Таa беше во утринската програма на Прва телевизија каде што зборуваше за евровизиската песна, што очекува од Беовизија, а на крајот ја прокоментира и ситуацијата со Русија и Украина.
-Очекувам добра забава, очекувам песната да биде слушана, а веќе се слуша на радиостаниците, вели пејачката.
Инаку, Дапчевиќ случајно испадна да оди на Беовизија, бидејќи еден од учесниците се откажал, па авторот на текстот на нумерата, Леонтина Вукмановиќ ја одбрала Тијана да биде таа која ќе ја изведува песната.
Покрај тоа, Тијана и прокоментира моменталната ситуација со Русија и Украина.
-Јас вести не гледам од 20 април 2020 година, но од разни страни добивам информации и можам само да кажам дека ми е криво што невини луѓе испаѓаат колетерална штета за некои луѓе кои седат во фотелји и кои сакаат да заработат пари. Тоа е единствено нешто што може да го кажам како музичар бидејќи не сум компетентна да зборувам на таа тема. Како човек, можам да кажам дека страдаат невини луѓе кои не заслужиле, вели Тијана.
Како Тијана ќе се претстави на Беовизија останува да видиме, а таа и порачува дека секогаш и секаде треба да се „Љуби, љуби довека“
фото: Принтскрин/јутуб/прва/тијана дапчевиќ/инстаграм