Пејачот Петар Грашо претходната недела (19.02.2022) се ожени со 14 години помладата партнерка Хана Хуљиќ.
Двојката наскоро ќе станат родители, односно го очекуваат своето прво дете, а сега е откриен полот на бебето. Како што пишуваат медиумите, Петар и Хана очекуваат девојче.
Како што пренесува „РТЛ ексклузив“, Хана ќе се породи во јули, а на свет ќе донесе ќерка.
Како што се пишува, Петар и Хана овој детаљ го споделиле на свадбената церемонија.
Грашо пред еден месец првпат зборуваше за бременоста на Хана.
-Ми требаше време, најверојатно како на секој човек, да се освестам за ова прекрасна информација и живееме во преубаво исчекување. Кога ќе ги затвориме вратите од нашиот дом, ние сме нормално семејство кое очекува принова, изјави пејачот.
За потсетување, Петар пред да се венча со Хана беше во 24 годишна врска со Данијела Мартиновиќ.
фото: инстаграм/petar_graso_fan_page