Пејачката Маја Беровиќ се породи пред три дена во болница во Австрија.
Маја доби син за кој го одбра името Лав.
Беровиќ на социјалните мрежи сега ја објави првата фотографија од породилиште на која позира со наследникот.
21.02.2022. Бебе Лав, напиша Маја.
Инаку, пејачката неодамна истакна зошто баш сега сакала да се реализира во улогата на мајка.
-Градев кариера, да се посветев на мајчинството, немаше да го направам тоа што го направив. Јас остварив тоа што сакав да го остварам во животот. Сега ми се разбуди желбата да имам нешто што е дел од мене, тоа не треба да се форсира туку да се почека вистинскиот момент, изјави Маја.
фото: Инстаграм/mayaberovicofficial