Лила Филиповска имаме прилика секој ден да ја гледаме на ТВ екраните во квизот „Сė или нешто“ кој го води повеќе од 10 години.
Водителката освен што е активна на телевизија, има профили на социјалните мрежи каде што речиси секојдневно објавува фотографии, најчесто од патувања, снимања, позирајќи во разни модни комбинации, објави на кои рекламира одредени козметички производи…
Тука се и нејзините чести објави со нејзиниот мачор Рагнер кој е и верен пријател на водителката во нејзиниот дом во Скопје.
Меѓутоа, овој пат, Лила објави фотографија со најважниот маж во нејзиниот живот – нејзиниот син Филип Филиповски. Водителката покрај објавата напиша и емотивна порака за својот наследник.
–Ти ме чуваш , ти ме пазиш, ти си мојот штит , моја сигурна зона, ти си моето сѐ, напиша Лила.
Инаку, Филип е син на Лила од првиот брак, и е најголема поддршка на водителката.
фото: инстаграм/lilafilipovska