Радио Милева секси Македонка

Андријана Петрушовска во ново секси издание во „Ѕвездите на Гранд“: Македонката не освојува само со својот глас, туку и со својот стас (фото)

Андријана Петрушовска во ново секси издание во „Ѕвездите на Гранд“: Македонката не освојува само со својот глас, туку и со својот стас (фото)

Во годинешната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ една од македонските учеснички е младата скопјанка Андријана Петрушовска.

Андријана е под менторство на рокерот Ѓорѓе Давид. Иако во првите кругови растури во музичкото шоу, со нејзиното последно појавување на сцената на „Гранд“ не ги задоволи критериумите на нејзиниот ментор, па тој викаше на Македонката.

-Андријана, јас лично не сум задоволен, а знам дека не си ни ти, затоа што ова не си ти и не знам што ти се случи, посебно не во правата песна, изјави Ѓорѓе Давид, а македонското девојче се правдаше дека има трема.

Меѓутоа, Петрушовска помина во следниот круг, а изминатиот период заедно со Ѓорѓе Давид работеа за нејзиното претставување во наредната фаза.

Не знаеме со кои песни ќе се претстави Андријана, но знаеме како ќе изгледа. Имено, Македонката на својот „Инстаграм“ објави фотографија.

Петрушовска е облечена во црн фустан со висок шлиц и црни секси чорапи над колената. Меѓутоа, она што го привлекува внианието е  нејзиното отворено деколте и градите, чии брадавиците се покриени со ѕвездички.

Нема сомнеж дека Андријана со својот изглед повторно ќе го освои жирито и ќе ги добие сите комплименти, како што беше случај и претходно, кога ја пофалија дека изгледа атрактивно и како принцеза, а како ќе се претставии со пеење останува да видиме.

Инаку, Андријана неодамна го прослави својот роденден и наполни 22 години.

фото: Принтскрин/инстаграм/andrijanapetrushovska

To top