Во саботното издание на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ настапуваше и кумановката Ивона Јовановиќ, која за жал не помина во четвртиот круг.
Ивона ги отпеја „Тако лако“ од Џенан Лончаревиќ и „Ти ме не волиш„ од „Негатив“. Нејзината интерпретација не беше доволна добра за да помине во следниот круг.
-Ви благодрам за подршката која ми ја подаривте од сепември до сега. Ова не е пораз, ова е лекција. Мојот изглед Гранд никогаш не го прифати, па затоа мојот вокал никогаш нема да се продава таму. Сите кои имате предрасуди за мојот изглед и дебелината ве молам напуштете го профилот. И никогаш повеќе не се враќајте тука! Една огромна благодарност до тимот кој ми помогна во најтешките моменти, напиша Ивона на Инстаграм.
Инаку, Ивона вторпат учествува на „Гранд“, а досека се има појавено и на други шоуа за музички таленти.