Промотер

Тајзи за вас има нов музички – „Сувенир“ (ВИДЕО)

Тајзи за вас има нов музички – „Сувенир“ (ВИДЕО)

Драган Величковски попознат по својот прекар  Тајзи, има нова песна насловена  „Сувенир“. Кумановецот како и претходно и на ова остварување соработувал со композиторот и хитмејкер Лазар Цветковски со кого Тајзи заеднички ја напишал музиката, додека текстот е на дело на самиот изведувач, а аранжманот, миксот и мастерингот ги потпишува коавторот Лазар Цветковски.

Песната е визуелизирана со видеоспот снимен во Офицерскиот дом во Битола, како и на уште неколку локации во градот на конзулите.

Во видеото режирано од Дарко Митев и самиот Тајзи, покрај самиот изведувач се појавуваат и македонските модели Патриција и Андреа.

„Животот е како партија шах, како и да ја изиграме на крајот и пионот  и кралот завршуваат  во истата кутија. На што ќе се сеќаваме на добрите или на лошите потези? Ни останува помалку да судиме и повеќе да уживаме во оваа игра наречена живот.  Да не се труеме со омразата  и  пропагандата која ни се сервира. За такво нешто треба да се храниме со љубов. Да се љуби, да се верува  и да се сака, вака безусловно како што јас ја сакам музиката. Токму тоа е темата на „Сувенир“ –  ја појаснува  Тајзи својата нова песна.

Во изминатиот период, како автор Тајзи беше вклучен во осум проекти, а покрај својата музика пишуваше и за други артисти како Антонија Гиговска, Тамара Тодевска и „2Бона“.

Проследете го во продолжение она што Тајзи во моментов ви го подарува како негов најнов музички „Сувенир“:

To top