Анастасија Ражнатовиќ гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“ во која зборуваше на разни теми и одговараше на прашања од приватниот живот.
Во студиото настана молк кога водителот ја праша Ражнатовиќ што мисли за Јелена Карлеуша, непријателката на нејзината мајка Цеца Ражнатовиќ.
-Ќе го прескокнам тоа прашање, кратко одговори Анастасија.
На прашањето кој е најголем непријател на семејството Ражнатовиќ, пејачката одговори:
-Саша Видиќ, зарем треба тоа да ме прашаш, изјави Анастасија.
За потсетување, Ражнатовиќ неодамна раскина со момчето Ѓорѓе Кулиќ.
фото: принтскрин/јутуб/amig show/ инстаграм/karleusastar