Радио Милева горда мајка

Синот на Весна Бејби Петрушевска кој замина кај татко му во САД е матурант: „На мајка убавец“ (фото)

Синот на Весна Бејби Петрушевска кој замина кај татко му во САД е матурант: „На мајка убавец“ (фото)

Македонската актерка Весна Бејби Петрушевска имаше убав повод за славење.

Имено, нејзиниот син Кирил Тренкоски кој замина кај татко му во САД е матурант.

Гордата мајка, актерката на социјалните мрежи се пофали со фотографија од Кирил од табло, а во описот напиша.

-Матурантот од Хјустон, на мајка убавец:

Под објавата се нижеа честитки од нејзините фејсбук пријатели кои му честитаа на Кирил.

Инаку, синот на Весна Бејби во 2020 замина кај својот татко во САД каде што сега заврши гимназија и таму ќе продолжи да студира.

„Броиме ситно со Кирил кој ќе оди во Хјустон за да заврши гимназија и факултет. Тој е едно од децата кои сакаат да го освојат светот. Безброј пати го прашував дали е сигурен и секогаш без двоумење одговара потврдно. Немам подобра опција да му понудам во овие луди времиња. Не прашувајте, срце ми се кине. Убав на мајка. Го гушкам, плачам ко некоја задушна баба секој ден, а он ми вика: „Мамо, мислев умрел некој, ме исплаши“, напиша тогаш Петрушевска на „Фејсбук“.

Синот на Весна Петрушевска се сели во САД: „Го гушкам, плачам ко некоја задушна баба секој ден“

Кирил во април 2021 година стана полнолетен и наполни 18 години. Тој за своето полнолетство не беше во Македонија, но Весна Бејби со емотивна порака му го честиташе полнолетството.

-Кирил наполни 18 години. Се обидувам дa се насмеам и навистина сум среќна за него, знаејќи дека е во добри раце кај татко му во Хјустон. Нормално сум досадна зборувајќи му да учи, да се запише на добар универзитет, да си фати женска… Демек сум кул и ОК… Тој стана полнолетно момче… Се сеќавам на чевличката која ја носеше во Битола, два броја помали па имаше некое раниче на малото прсте. Отидовме да купиме нови чевли во Пеко (природно Битола) и продавачката ме прашува: Ваш е? Ја гледам насмеано и и’ одговарам: Највеќе е мој! Златен на мајка ми фали ама знам дека ќе успее. Кики те сакам колку сите зрнца во песокот“ – напиша тогаш  Весна – Бејби.

Честитки за матурантот и многу успеси!

фото: фејсбук/инстаграм/vesnapetrushevska

To top