На 17 февруари се наполнија три години од смртта на легандата на народната музика, Шабан Шаулиќ.
Имено, пејачот почина во сообраќајна несреќа во Германија кога од хотелот каде што бил сместен се упатил на аеродром да се врати во Белград.
Ни по 3 години, носталгијата и болка по пејачот не престануваат.
На три годишнината од неговата смрт, семејството, пријателите, колегите се потсетија на Шабан Шаулиќ.
Македонската пејачка Анета Молика на „Инстаграм стори“ објави фотографија со пејачот, а во описот напиша:
-Три години без твојот глас. Чест ми беше што те познавав, напиша таа во описот.
фото: Инстаграм/anetamicevska/sabansaulic