Познатиот македонски музичар, композитор и продуцент Бобан Боби Серафимовски, сега попознат како Боби Серафимо, има нова песна и ново видео, како резултат на уште една негова интернационална соработка.
По минатогодишната тема „New Sun Above America“, која својата светска промоција ја доживеа токму на 20 јануари, денот на инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден, а на која гостуваа саксофонистката Катја Рикерман и реномираниот музичар од Торонто, Ајдин Чурч, кој освен како пејач работи и како глумец и режисер, сега во најновата пена насловена „I’m Alive“ гостинка му е убавата госпоѓа од Торонто – Канада, Елизабет Ертел.
Инаку, таа е топ модел, актер, пејач и уметник кој пишува поезија.
Темата насловена „Јас сум жив/а“ е комплетмно авторско дело на Боби. Како композицијата, така и продукцијата и аранжманот на текстот кој во песната го рецитира споменатат уметница, додека Боби ги свири гитарските делници.
Во меѓувреме, покрај оваа соработка, новина е тоа што Боби работи и на музиката за неколку филмови, од кои веќе 6 се реализирани во САД и еден во Индија.
„Задоволство ми е да потпишам договор со еден од најистакнатите и најпознатите филмски музички агенти и компанија која ги застапува светски познатите филмски композитори во Холивуд САД, а компанијата е од Холивуд Студио Сити Лос Анџелес и работи за агенцијата на Џеф Кауфман“ – вели Боби Серафимовски кој е на добар пат своето творештво да го преточи во светски успех како еден од ретките Mакедонци чија музика излегла надвор од Македонија, како дел од познатите светски филмски продукции.