Водителката и новинарката Анастасија Деа Богдановска и Богдан Илиевски Бетмен наскоро повторно ќе станат родители, односно го очекуваат нивното второ дете.
Анастасија ужива во својата втора бременост, а на социјалните мрежи знае да објави и по некоја фотографија.
Така водителката овој пат во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија и го покажа нараснатото трудничко стомаче, а друштво и прави нејзината ќеркичка Дениција.
Како и во првата бременоста, Анастасија и сега на агендата на своите дневни активности го има проектот „направи сам“.
Вредната водителка и сега продолжува да создава нешто свое за во домот, а овојпат дизајнираше за нејзината ќеркичка Дениција.
Имено, таа на својот „Инстаграм“ се пофали дека од јакната на ќеркичката дизајнирала интересен модел.
-Моите омилени направи сам проекти. Неверојатно е каква трансформација може да направи промената на копчиња. Мене ова ми е најбрз и најлесен начин од нешто што е досадно и секојдневно да ги направам да изгледа забавно и необично. И најважно од се: Дениција одобри. А јас никогаш сум немала подобар модел, напиша водителката.
View this post on Instagram
фото: инстаграм/anastasiia_dea