Радио Милева честитки

Сашко Коцев ретко споделува приватни моменти, но сега се пофали со успехот на сопругата: „Горд сопруг“

Сашко Коцев ретко споделува приватни моменти, но сега се пофали со успехот на сопругата: „Горд сопруг“

Актерот Сашко Коцев важи за еден од најпознатите и најхарзматични актери кои секогаш знае да ја насмее публиката од 7 до 77.

Кога станува збор за неговите професионални активности тој секогаш е подготвен да зборува, но за неговиот приватен живот не открива многу детали.

Сашко речиси 10 години ужива во брак со сопругата Смиљана, а сега имаше убав повод за радување и славење.

Имено,  докторката Смиљана Бундовска – Коцев ја одбранила својата докторска дисертација на Медицинскиот факултет во Скопје и станала доктор на медицински науки – клиничка медицина.

По тој повод се огласи и актерот кој на социјалните мрежи напиша:

Горд сопруг.

На ден 02.2022 година, беше одржана промоција на доктори на науката, од областа на медицинските науки и здравство. На свечен и традиционален начин, ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски промовираше 8 доктори на наука, кои одбраниле докторски дисертации на Медицинскиот факултет во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Матодиј“ во Скопје.

Промоцијата на доктори на наук и беше одржана во аулата на Ректоратот, почитувајќи ги протоколите и мерките на надлежните органи во Република С. Македонија, за спречување на внесување и ширење на коронавирусот CoVid-19.

Фото: Фесјбук/Сашко Коцев/Смилјана Бундовска/Универзитет „CВ Кирил и Методиј во Скопје“

 

To top