На Домот на културата во општина Кисела Вода е поставена нова табла и во иднина тој ќе го носи името на актерката и поранешен градоначалник на општината, Билјана Беличанец.
Веста на својот фејсбук профил ја објави актерот Рубенс Муратовски.
Oпштина Кисела Вода, градоначалник, ми го стопливте срцето, напиша Муратовски на Фејсбук.
Две години по завршување на мандатот, во 2019 година беше пронајдена почината во својот стан. Според информацијата на полицијата, стануваше збор за самоубиство.