Јелена Карлеуша и нејзиниот сопруг се скараа на Божиќ, 7 јануари кога пејачката го пријави фудбалерот дека ја удрил, по што тој доби забрана за приближување од 48 часа, а подоцна е продолжена на еден месец.
Иако јавноста можеби мислеше дека двојката е скарана, сепак изгледа не е така. Пејачката на „Денот на вљубените“ објави дека добила многу црвени рози и најверојатно ги добила од сопругот Душко.
Meѓутоа, пејачката уште повеќе ја заинтрегира јавноста со новото стори на „Инстаграм“.
Имено, таа објави насловница од „Вог“ на која се Наоми Кембел и нејзината деветмесечна ќерка, а во описот напиша:
-Можеби е време за трето бебе штом вака сум воодушевена со фотографиите од бебиња, напиша пејачката во описот на фотографијата.
Инаку, Јелена и Душко од бракот ги имаат ќерките Атина и Ника.
фото: Ата имагес А.А/принтскрин/karleusastar