Водителката Бубе Јаневска имаме прилика да ја гледаме секој работен ден на Канал 5 телевизија.
Од раните утрински часови е подготвена и средена тип топ пред ТВ екраните да ги известува гледачите за најновите случувања, со гостите да разговара на разни теми.
Бубе има профили на социјалните мрежи, но ретко споделува фотографии, а кога тоа го прави најчесто се објави од нејзиното работно место, од студио.
Водителката благодарение на програма на исхрана од нутриционист успеа да ослабне и да ја доведе својата линија до совршенство.
Бубе пред некое време на социјалните мрежи се пофали дека успеала да се ослободи од вишокот на килограми.
Овојпат, Јаневска позираше во тесни панталони во студиото на Канал 5 телевизија и изгледа позгодно од кога и да било.
Како што минуваат годините, нашата позната Тв презентерка изгледа како девојче.