Македонската пејачка Татјана Лазаревска заедно со семејството повеќе од пет години живее во Австралија, а секогаш кога има прилика доаѓа во Македонија.
Лазаревска е активна на социјалните мрежи каде што редовно ги информира нејзините фб пријатели, нејзините следбеници за активностите, како го поминува времето, а некогаш знае да се вклучи во живо и пее македонски песни, или да се пофали ако има повод за славење, како што беше и овој пат.
Имено, пејачката славеше роденден, па на нејзиниот Фесјбук профил осамнаа пораки и честитки за роденден. Татјана на социјалните мрежи објави фотографија на која позира со мала тортичка во рака на плажа.
Пејачката роденденот го прослави со музика, песна, нои и со роденденска тортича на која дуваше свеќички.
Обичај е за родендените да си подаруваме подароци, а Татјана за нејзиниот роденден најважниот роденден го доби од Македонија, односно нејзината мајка Снежана.
-Најважниот подарок за мојот роденден пристигна директно од Македонија, мојата мајка, напиша Татјана во описот покрај фотографијата.
Инаку, пејачката наполни 47 години.
фото: фесјбук