Легендарниот рокер Момчило Бајагиќ Бајага, кој ги напиша едни од најубавите песни, на крајот на минатата година стана дедо. Имено, снаат за синот на Бајага, Марко се породила на 27 декември и на свет донесла здраво девојче кое го добила името Сара.
„Така е, станав дедо“ – потврди Бајага.
„Имам убава внука Сара и сега животот ми е порелаксиран. Далеку од тоа да кријам дека станав дедо, едноставно избегнувам да зборувам за мојот приватен живот“ – вели белградскиот рокер.
Инаку, Бајага ќе настапи на 26 март во загрепската „Арена“ на концертот на „Парни ваљак“ и пријателите во чест на покојниот Аки Рахимовски. Со пејачот на „Парни ваљак“ се дружеше повеќе од 30 години, се гледаа на концерти низ регионот.
„Ме погоди веста за смртта на Аки“ – искрен е Бајага.
„Кога Хусеин Хасанефендиќ Хус ми предложи да им се придружам и да ја отпеам „Годините минуваат“, во почетокотот бев збунет, бидејќи така се вика и една од моите песни. Сосема заборавив дека и тие имаат песна со исто име, која беше хит. Аки беше вистински тенор, и тоа подзарипнат тенор, а јас на концертот ќе пеам од истиот клуч, но октава пониско, бидејќи не можам да пеам толку високо како Аки. Убаво е да се оддаде почит на некој кој толку долго забавувал генерации“ – резимира Бајага.
Фото: Инстаграм принтскрин/bajagaiinstruktori/КурирТВ