Ален Хасановиќ публиката го памети по неговото учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Многу пејачи тврдат дека е тешко да се соработува со блиски луѓе, а ова го потврди и Ален кој на неговиот нов проект соработуваше со брат му.
-Знаете како, сешто се случува во студио, но ние се трудиме да испадне најдобро што може и луѓето да бидат задоволни, па макар јас и брат ми се караме. Засега, одлично ни оди, призна пејачот.
Отскочна даска му било неговото учество во „Ѕвездите на Гранд“ кое му донесе голема популарност, а сега откри дали е во контакт со некои од колегите.
-Не се дружам со сите бидејќи сме од различни држави. Има многу од Босна, јас сум од Македонија, така да не сме близу за да се дружиме, но се слушаме редовно, вели Ален.
Тој се потсети на неговите први појавувања во студиото на Гранд.
-Баш кога се натпреваруваше Дарко Лазиќ тогаш ја гледав таа сезона на „Ѕвездите на Гранд“. Лежев дома и на телевизија ја гледам таа огромна сцена, Саша Поповиќ, Лепа Брена и по неколку години доаѓам и ги гледам тие луѓе пред себе и си велам: „Фала ти Господе“, се е можно, изјави Хасановиќ.
Ален учествуваше во сезоната 2014/2015 година и стигна до финалето.
фото: принтскрин/инстаграм/јутуб/звезде гранда