Промотер

„Стиховен калибар“ сета своја љубов ја преточил во волшебни стихови посветени на една – „Марта“ (Лирик ВИДЕО)

„Стиховен калибар“ сета своја љубов ја преточил во волшебни стихови посветени на една – „Марта“ (Лирик ВИДЕО)

„Стиховен калибар“  – уметничкиот псевдоним зад кој се крие македонскиот  хип-хоп артист и афористичар од Скопје чие вистинско име е Горан Јанкуловски има нова песна. За разлика од неговите поранешни жестоко критизерски насочени стихови кон политичката и општествена елита, полни со израз на револт кон целиот медиумски и комерцијален „терор”, извитоперената општествена реалност олицетворена во криманалот, корупцијата, неморалот, лицемерието… овој пат авторот својот „ Стиховен калибар“ го насочил кон љубовта и љубовните стихови.

„Марта“ е  емотивно отстапување од зацртаниот правец или можеби дел од една сосема нова фаза на Јанкуловски, поетски стихови  кои  допираат  до најдлабоките човекови чувства, во кои е вткаена љубовта и сето она што како благосостојаба таа го носи со себе.

Или можеби уште поубаво опишана во постот што еден од неговите следбеници  го споделил: „Песна која потсетуваа на едни не така далечни времиња, а сепак загубени во неповрат…Буди надеж, оптимизам и вредности кои ретко можат да се сретнат денеска во меинстрим поп културата. Чудно е како душата на жицата од гитарата е пренесена во нешто толку впечатливо и незаборавно. Со убав вокален колаж кој извира од душа… Ваква приказна недостига на денешното време…“

Музиката на „Марта“ е авторско дело на  Дарко Тасевски, додека прекрасните стихови во неа чудесно успеал да ги вткае Горан Јанкуловски. Миксот и мастерот го потпишуваат „VJ Media“, а волшебната лирика исткаена во вокалниот колаж е визуелизирана со лирик видео, кое како и целиот проект е посветен на една Марта… Неговата тригодишна ќеркичка, на која песната и е роденденски подарок. Иако во Марта веројатно може да се препознае секоја искрена љубов на овој свет.

.

Како звучи „Стиховен калибар“ во неговата „Марта“, проследете во продолжение:

To top