Македонската кандидатка дисквалификувана од „Ѕвездите на Гранд“.
За Валери Димовска заврши годинешното учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ бидејќи таа не се појавила на снимањето.
Валери за пораталот „Нема забрањених“ потврди дека била дисквалифукувана.
-Бев болна кога се снимаше треиот круг и затоа сум дисквалификувана бидејќи не можев да се појавам на снимање. Ќе пријавам следната година, изјави Валери.
Инаку, неодамна македонската кандидатка на својот „Инстаграм“ напиша дека е позитивна на корона и дека не била на снимање и дека за неа тука завршува натпреварувањето, но не кажа дека била дисквалификувана од продукцијата.
-Не знам како да почнам, но еве. Пред да одам на снимање на „Ѕвездите на Гранд“, јас испаднав позитивна на корона и нормално не бев на снимање на 3иот круг. Поради тоа оваа година повеќе не настапувам, многу ми е криво што мораше да заврши на овој начин. Се надевам дека следната година ќе имам повеќе среќа. Ви благодарам на сите за поддршката која ми ја дадовте, напиша таа неодамна во кусите приказни на „Инстаграм“.
Димовска беше под менторство на Ѓорѓе Давид.
фото: принтскрин/инстаграм/јутуб/зведе гранда