Александар Милиќ Мили доби засилување во својот тим кој ги подготвува кандидатите во „Ѕвездите на Гранд“.
Имено, Мили како ментор ги подготвува неговите кандидати, а сега ќе има и дополнителна поддршка.
Тој ја одбра Сузана Бранковиќ која заедно со своите соработници и нејзиното музичко училиште ќе им помага на кандидатите кои учествуваат во музичкото шоу.
Сузана на јавноста и стана позната откако ја отпеја насловната песна „Поноќ“ за филмот „Тома“, но и неколку песни на Силвана Арменулиќ.
„Додавам гас во четвртиот круг. За моите кандидати го ангажирав училиштето на чело со прекрасната Сузана Бранковиќ која ја слушавте во „Тома“. Тие во мојот тим ќе се занимаваат со техника, дишење, дикција и се што е потребно кандидатот да дојде до музичка сила. А јас…јас ќе правам ѕвезди од нив, напиша Мили на „Инстаграм“.
View this post on Instagram
фото: принтскрин/инстаграм/miligramofficial