Радио Милева дама

Симона Поповска ретко споделува приватни моменти, но сега пушти срце и покажа од кого ја наследила убавината: Вака изгледа нејзината мајка (фото)

Симона Поповска ретко споделува приватни моменти, но сега пушти срце и покажа од кого ја наследила убавината: Вака изгледа нејзината мајка (фото)

Дека е една од најубавите тазе докторки специјализантки на скопската клиника, нема сомнеж, а она дека исто така грми со својата појава на сцената со миктофонот во рака, не треба многу да потсетуваме, бидејќи тоа го прави од поодамна.

Крвта не е вода, а Симонче својот талент во музиката и пеењето, го има наследено од својата мајка, за која вели дека имаат речиси ист глас, но мама не се занимава со музика.

Македонската пејачка и докторка има профили на социјалните мрежи,  но кога станува збор за нејзиниот приватен живот, не сака многу да објавува. Така, претходната година изненадени кога обелодени дека станала мајка.

Сепак, Поповска некогаш знае да направи исклучок и да сподели некоја приватна фотографија.

Така беше и овој пат кога во кусите приказни на „Инстаграм“ покажа како изгледа нејзината мајка.

Мајката на Симона позираше со широка насмевка на лицето и изгледа како вистинска дама.

Еве како изгледа мајката на докторката, пејачката Симона Поповска.

Најдобра мајка, напиша пејачката покрај описот на фотографијата.

фото: принтскрин/ннстаграм/simonapopovskaofficial

To top