Радио Милева лажно почината...

Јована Јеремиќ жива ја прогласија за мртва: Се огласи водителката, еве што порача (видео)

Јована Јеремиќ жива ја прогласија за мртва: Се огласи водителката, еве што порача (видео)

На социјалните мрежи често знаат да се појават лажни вести кои може да ја потресат јавноста, а таква е и веста дека починала водителката Јована Јеремиќ.

„Прекин на програмата. Почина, само што ни јавија ужасни вести“, е наслов на снимката која кружи на Интернет, а главен актер е Јована Јеремиќ.

Овој лажен наслов ја потресе водителката која се огласи и истакна дека лажно ја прогласиле за мртва.

-Жално со што се занимаваат луѓето за да ја зголемат читаноста на сајтот, гледаноста на Јутуб. Јас сфаќам дека го зголемувам тиражот, дека сум „златна кокошка“ за гледаност и споделување, но да си играте со нечиј живот е ужасно. Единствено е во ред што можеш да видиш како е кога ќе те проглесат за мртва и како изгледа кога лажно ќе починеш. Порака за сите оние кои ова ми го прават: јас сум ноќен кошмар кој нема да ве заобиколи. Уште 40 години ќе уживате со мене. А и не сакам да ги оставам работите на половина, мојот живот допрва почнува. Треба да родам уште деца и да се омажам. И да останам кралица на споделувања во регионот“ – им порача Јеремиќ.

фото: Инстаграм/јована јеремиќ/приватна архива

To top