Ѕвездата на Гранд, Зорана Миќановиќ го привлече вниманието и на публиката и на жирито.
Таа не е единствена пејачка која добила понуда да влезе во реално шоу, но не размислувала многу пред да однесе одлука.
-Што се однесува до реалните шоуа, мислам дека тие може да ни донесат популарност, но мислам дека нема да исполнат некои мои барања. Секако, „Гранд“ не се согласува со тоа да влезам во реално шоу. Таму луѓето те гледаат како изгледаш и кога си добро, и кога си лошо, и кога се расправаш. Не е проблем ни во тоа бидејќи не се расправам пред камери и уживам во таква каква што сум. Само мислам дека тоа не е за мене, вели Зорана.
Пејачката откри и како реагира на негативни коментари.
-Кога станува збор за лага, таа бргу се шири во медиумите, но добро затоа и служат. Јас некако отрпнав и сакам да читам хејт коментари. Не ме погодуваат негативните коментари, дали станува збор за некоја ѕвезда или некој од обичниот народ, тоа воопшто не ме погодува, изјави пејачката.
фото: принтскрин/инстаграм