Се уште законскиот сопруг на Тања Савиќ, Душан Јованчевиќ за српските медиуми тврди дека пејачката го изневерувала додека биле заедно.
Како што пишуваше курир.рс наводно Тања го изнверувала сопругот со пекар, а сега Душан тврди дека пејачката била неверна и со таксист.
-Тоа не е ништо ново. Ме изневеруваше и со таксисти. Но, секако, таа повеќе не е моја грижа и проблем. За среќа, се ослободив од нејзините ланци. Имам мир, љубов и среќа во животот. Посветен сум на себе и работам на своите цели, вели Душан за курир.рс
-Кога започнавме да се забавуваме, таа го изневери него со мене. Кога се врати од Австралија продолжи да се гледа со него. Таа лично ми призна. Слободно напишите од збор до збор како што ви кажав. Јас го познавам тој човек, порача сопругот на Тања.
По овој повод, се огласи и пејачката. Имено, таа објави фотографија на која е насмеана, а во описот напиша:
-Со насмевка против лошите луѓе, напиша пејачката.
фото: Milan Ilic/ras srbija/instagram/tanja_savic_private