Пејачката Северина Вучковиќ во 2019 година ја објави песната „Кума“ за чија екранизација користеше делови од нејзината свадба од сега веќе бившиот сопруг Игор Којиќ.
Меѓутоа, oткако парот се разведе претходната година, изгледа дека Северина сака да се ослободи од сите сеќавања на поранешниот сопруг, па го сокри видеозаписот од „Јутуб“.
Имено, таа ја искористи опцијата „unlisted“ , па потполно не ја избриша снимката на која игра и се бакнува со сопругот, но во пребарувања не може да го најдете.
Така да, ако ја пребарувате песната „Кума“ само ќе наидите на снимката од студио.
Кога ја објави песната „Кума“, пејачката истакна дека на нејзиниот албум секоја песна е хит, но дека фаворит и е песната „Кума“.
фото: принтскрин/инстаграм/severina