Центар за култура Битола и Камерен оркестар, најавуваат концерт насловен „Засекогаш во срцата 3“ , кој оваа година ќе биде посветен на двајца великани во музичкиот свет Тоше Проески и Аки Ракимовски.
19-ти февруари е датумот кога треба да бидете во Битола и кој од сега треба да го запишете во вашите месечни планери, велат оттаму.