Рада Манојловиќ и нејзиното момче Харис Берковиќ подготуваат свадба, а наводно тие двајца ќе ги платат сите трошоци за гала веселбата.
Пејачката одлучила во каква венчаница ќе се венча, а извор близок на парот ги откри сите детали.
-Рада ќе биде како принцеза. Ги смисли сите детали, горниот дел од венчаницата ќе биде тесен, а долниот ќе биде широк. Меѓутоа, ќе има и една венчаница бидејќи на неа и стојат фустани залепени за тело, вели извор за „Скандал“.
И Харис одбра елегантно одело. Двајцата сакат се да биде на ниво, сакат да присуствува пола естрада и сите да пеат. Тие сакат да биде весело и да се пее од почеток до крај. Сами ќе финасираат бидејќи заработуваат и не им е проблем за пари. Одбраа и бенд, нема да ги ангажираат момчињата со кои работат бидејќи ќе бидат гости, а и колегите ќе пејат, вели изворот.
Рада и Харис мислеле за гостите, па ќе има разновидна храна.
-Од храната ќе има за секој по нешто. Ќе биде се по обичај и традиција, вели изворот и додава дека парот планира да ги испочитува сите обичаи.
-Харис ќе оди во Четереже по младата. Рада сака да ги испочитува сите обичаи и тој се согласува со неа. Најмногу се радува таткото на Рада, на него му се полни очите со солзи. Ќе видите, тоа ќе биде свадба закоја ќе се зборува со месеци, тврди изворот.
Парот не се огласи по повод овие пишувања.
фото: драган кадиќ/дамир дервишагиќ/курир.рс