Саша Поповиќ проговори за заработката на пејачите и на тој начин откри дека настап во „Ѕвездите на Гранд“ чини 10.000 евра по емисија.
Поповиќ му се обратил на натпреварувачот Јасмин Ѓулшиќ на кого му рекол дека заработил 30.000 евра.
„Ѓулшиќ, не жали, си заработил 30.000 евра, да не ти е гајле. Сега се чудите како? Па така… Секое појавување во „Ѕвездите на Гранд“ кој сака да дојде овде, за секоја емисија е како да си донел 10.000 евра и да си рекол: „Сакам да застанам овде пред ова жири, пред оваа публика и да ме гледаат 7 – 8 милкиони луѓе“, рече Поповиќ, на што Сања Кужет веднаш му реплицираше:
„Оооо… Па, тогаш јас сум милионерка, само што не сум ни знаела!? Па, и вие не сте далеку од тоа“ – се пошегува водителката обраќајќи им се на членовите на жирито.
„Ние сме во полоша позиција, за да седнеме во жирито секој треба да му даде на Саша по 50.000 по сезона“ – возврати Ѓорѓе Давид и ги насмеа колегите од жирито.
Фото: Инстаграм принтскрин/zvezdegranda