Радио Милева ги закопаа воените секири

Карлеуша некогаш ја навредуваше Сека поради тоа што не можеше да има деца, а сега Алексиќ откри што мисли за Јелена

Карлеуша некогаш ја навредуваше Сека поради тоа што не можеше да има деца, а сега Алексиќ откри што мисли за Јелена

Сека Алексиќ важи за голем верник и некој кој многу верува во Бог, а освен тоа го покажа и со многу добри дела.

Јелена Карлеуша постојано ја прозиваше Сека, а пејачката сега и ги прости сите навреди.

Имено, според она што го објави на „Инстаграм“, двете пејачки ги закопале “воените секири“.

-Мислење за Јелена Карлеуша, гласеше прашањето на некој од нејзините следбеници.

-Неколку пати ме прашавте, па ред е да одговорам. Со текот на годините созревав и се трудам да немам негативна енергија околу себе. Порано сешто се случуваше. Од моја страна, имам убаво мислење за Јелена, напиша Сека.

Дури и кога Јелена доби медиумски линч поради аферата со босанскиот фудбалер, Сека застана на нејзина страна и пружи поддршка.

-Без оглед на сè. Треба да се земе во предвид дека жената има две деца. Дека е мајка, ќерка, сопруга, напиша тогаш Сека.

Јелена своевремено ја навредуваше пејачката, и тоа во најтешиот период на Сека кога се бореше да има деца:

-Moжеше да имаш деца по 50 абортуси, но семејство не се гради со „групњак“ со камионџии во шатор, зар не?

Но, Карлеуша тука не престана, продолжи да ја навредува кога Алексиќ доби деца.

-Дали и вие со интерес читате што изјавува Сека за светците, Бог и бременоста? Ау, не е детето виновно. Свети Нектарије го направил. Денес прочитав, напиша тогаш Јелена.

Сепак, Сека не и одговори на прозивките.

фото: принтскрин/инстаграм/сека алексиќ/твитер

To top