Радио Милева „ти и никој друг“

Ќерката на Аки со емотивниот говор на погребот ги расплака присутните: „Бегај тато бидејќи горе им е досадно без тебе“ (видео)

Ќерката на Аки со емотивниот говор на погребот ги расплака присутните: „Бегај тато бидејќи горе им е досадно без тебе“ (видео)

Пејачот Аки Рахимовски беше погребан вчера (27.01.2022) на загрепски Мирогој во Алејата на великаните, во кругот на семејството и пријателите.

Најблиските се собраа за последен пат да го испратат Аки, а емотивниот говор на неговата ќерка Дина ги расплака присутните.

-Во една прилика ми кажа дека е лесно да се биде висок, но е тешко да се биде голем, голем човек. Ти благодарам што ме научи колку човекот е мал под ѕвездите. Ајде бегај, така ми велеше, бегај ќерко. Бегај тато бидејќи горе им е досадно без тебе. И само да знаеш, само ти, и никој како ти. Те сакам тато, изјави Дина.

Потоа започна песната „Зошто си ме мајко родила“, а по неа и I Did It My Way. Фотографијата на Аки на погребот ја носеле неговите внуци. Ковчегот на Аки беше прекриен со македонското знаме.

Под македонско знаме и со песната „Зошто си ме мајко родила“, е погребан Аки Рахимовски (видео)

Многу музичари дојдоа за последен пат да се простат од Аки. „Нашата улица е тажна откако не си тука… Затоа што тажната песна ја пеат оние што остануваат“, пишуваше пред бината покрај фотографијата на Аки.

За потсетување, Аки почина во саботата на 22 јануари 2022 откако му се слошило додека бил на прошетка со сопругата.

фото: Igor Soban/PIXSELL/принтскрин/јутуб

To top