Македонската пејачка Сања Сани Гроздановска „не е жива“ ако не изненади со некоја своја постапка, слушка, изјава, коментар… Или како овој пат, само со својата „нова“ појава!
Имено, фолкерката сподели фотографија на социјалните мрежи на која како да не е таа… Полни усни долга испеглана коса, беспрекорнна шминка и поглед на кој би паднале дури и оние што… „не се по жените“!
Едноставно заводливо, или поточно кажано – совршено! Многумина прокоментираа дека Сани која ионака е вистинска убавица , сепак волку перфектно никогаш не изгледала. Едни се прашуваа дали е во прашање фотошоп или соврешен мејкап, други тврдеа дека ова не е Сани, туку само некоја што личи на неа, додека трети ја опсипаа со комплименти и коментари: „Сани ли е или Анџелина Џоли, зашто на моменти на фотографијата македонската фолкерка навистина потсетува на славната светска актерка!
Мислењата на другите се важни, ама на оние најблиските, на кои најмногу им веруваш веројатно се најбитни! Зашто тие отворено можат да ти кажат без да те излажат, без да се стегаат, воздржуваат и срамуваат, зашто белким ти го мислат и посакуваат најдоброто. Освен во еден случај – доколку најдоброто немаат намера да ти „плеснат в лице“ – онака, шеговито, за твое добро!
А кога е музичарот, познатиот скопски боем и меанџија Трајче Толевски во парашање се’ е за очекување! Еден од најдобрите пријатели на пејачката, ама и познат како голем мајтапџија, кој со неа постојано има некакви „пријателски препукувања, закачки и јадачки“, беше прашан од еден од пријателите од естрадниот еснаф, Ване Петковски од ИНТВ продукција, за стручно мислење за новиот имиџ и стајлинг на Сани Гроздановска:
„Трајче Толевски, ваше стручно мислење околу шминката, фризурата и стајлингот?“
На тоа Трајче пред да даде конечен суд и мислење, одговори со барање за поопсежна, субспецијалистичка анализа:
На вакавата констатација Сани засега молчи. Ништо не одговорила… Не барем конкретно на Трајче…
Или можеби сепак не е баш така, зашто она што последно го споделила во своите Инстаграм приказни можеби токму се однесува на него, како своевиден одговор на пејачката по принципот на онаа народната:
„Ти кажувам ќерко, сети се снао“ или во превод, повиканиот сам ќе си се препознае во нејзината констатција наместо одговор:
„Некои само со поглед ќе ви покажат колку сте посебни… Некои не знаат ни со зборови“! А можеби ни со рентген снимка?
Фото; Инстаграм и Фејсбук принтскрин/sani.grozdanovskasanja/