Александар Аки Рахимовски ќе биде погребан со песната „Sailing“ од Rod Stewart која често му ја пеел на неговиот син Кристијан Рахимовски, пишуваат српските медиуми.
Последното збогување на Аки Рахимовски ќе се одржи утре на 27-ми јануари во 15 часот на загрепски Мирогој во Алејата на великаните, во кругот на семејството и пријателите.
Музичарот на последниот поздрав ќе биде испратен и со две македонски песни кои многу ги сакал.
Групата „Парни ваљак“ со емотивно видео се прости од Аки. Имено, тие објавија видео со фотографии од Аки, а во позадина се емитува песната „Јесен у мени“.
-Збогум пријателе, остави голема празнина и величествени сеќавања, напишаа тие во објавата.
За потсетување, популарниот пејач на „Парни ваљак“ почина во саботата (22.01.2022) година откако му се слошило додека била прошетка.
фото: драган кадиќ