Пејачката Лепа Брена имала тромбоза поради која лежела 12 дена непокретна во кревет, но и призна како повторно си го загрозила здравјето.
Имено, таа откри дека изгубила воздух на еден настап каде што не пиела вода, а внатре имало многу луѓе.
Во еден момент Брена забележала дека раката и помодрува.
-Не ми падна на памет дека треба да го прекинам концертот, го префрлив микрофонот во левата рака, другата ја кренав високо и таа веднаш доби боја. Кога се вратив во Белград веднаш отидов на преглед на ВМА каде ми констатираа запушување на вените на десната рака. Бев на терапија, 12 дена лежев неподвижна во кревет, со раката која стоеше во една положба, па ме хранеа, ми даваа вода…Тоа беше мојата првата средба со тромбоза. Бев во шок, изјави Брена во емисијата „На прво место“.
Тромбозата и се вратила во 2005 година, а како што вели за некои работи сама е виновна.
-Потополно го променив начинот на исхрана. Јадам храна богата со омега 3 и омега 6, се готвам на вода и пареа, исфрлив леб од исхрана, јадам овошје и зеленчук. Не смеете да се прејадувате или пак да бидете премногу гладни. Сакам да пливам, да шетам и да вежбам јога, изјави Брена.
фото: Инстаграм/лепа брена