Пејачот Аца Лукас вчера (20.01.2022) итно бил примен во болница.
Имено, како што пишува блиц.рс, пејачот е задржан во болница за да бидат направени испитувања.
Лукас се огласи по овие информации.
-Добро сум. Имав проблеми со стомакот. Ме задржаа неколку дена за да оздравам. Се е океј, изјави Аца за „Информер“.
Лукас се огласи и на својот „Инстаграм“ истакнувајќи дека многу работел и дека неговото тело му давало знак дека треба да одмори.
фото: Дамир Дервишагиќ/инстаграм