Продуцентот и композиторот Драган Стојковиќ Босанац не се појави на снимањето на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Како што пишува нова.рс, Босанац бил спречен да дојде поради настинка. Тој се тестирал на коронавирус, но резултатот бил негативен.
Кога Босанац му соопштил на Саша Поповиќ дека нема да дојде на снимање, екс директорот на „Гранд“ одлучил веднаш да му најде замена и го одбрал водителот Воја Недељкоиќ.
Имено, Воја расположен пристигнал на снимање и секогаш подготвен за шега, па пред камерите го „ископирал“ Босанац со „вештачки бркови“.
Водителот со лепак ги залепил брковите, а потоа се потрудил и да за зборува како Босанац, а тоа ги насмеа присутните.
-Како го нема Босанац, еве го Босанац“, се пошегува Воја.
View this post on Instagram
фото: принтскрин/инстаграм/zvezde granda/d.s. bosanac_official