Најпознатата македонска пилатес инструкторка и ТВ водителка за празнициве прошетала надвор од Македонија. Не многу далеку, во соседството на север, до Ниш. Сеедно дали по работа или само онака, заради прошетка, забава и рекреација, Снеже Велков токму таму наишла на посебна инспирација.
На нешто што можеби и ги разбуди спомените и сеќавањата или само и побуди инспирација за бујна имагинација, па откако налета на „музеј на отворено“ на паркирани „олдтајмери од социјализмот“, веднаш доби идеја за приказна за автомобилизмот.
Само што нејзината приказна е малку поинаква… Еротска или романтична, во секој случај моше симпатична, а Бога ми и возбудлива… Зависи од муабетот или работата, зашто поедини нешта не трпат многу муабет – туку сакаат „работа“… Некои муабети се само за во четири очи, а Снеже ќе ви раскаже и за каде:
View this post on Instagram
„Некои муабети се само за во паркирани автомобили. Така паркирај си и збори си. Ако е ладно пушти греење. Ако е топло пушти ладење. И збориш и не се дозборува.. и гушкаш и не се догушкува. А некогаш и плачеш и не се доплакува.
До душа има и други работи што се прават во паркирани автомобили, нели…
Овие автомобили ги најдов паркирани во Ниш, да знаеа да зборат кој знае какви приказни ќе ми раскажеа нивните предни, а Бога ми и задни седишта“ – порачала русокосата убавица, онака фотографрана седната или потпрена на неколку екс -југословенски олдтајмера.
Буба, Фичо, Спачек или Трабант, не важно, важно е да ти се погоди муабетот… А и соговорникот, ако ти е до муабетење… Или евентуално до гушкање и тоа на возачкото или совозачкото седиште, најчесто.
Ако пак, не ти е до муабет, пушти „очите нека зборуваат“… Додека „мижиш и буткаш“! Најчесто на задните седишта од твоето или нејзното/неговото ауто.
До душа, може и на предните, освен што Снеже Велков заборавила да ви каже во тој случај да внимавате… Најмногу – на менувачот… А и шофершајбната. Од безбедносни причини!
Да не се случи ептен „да се замуабетите“, па да заборавите да „кренете рачна“… навреме! Епа, вози Мишко… во лер!
Фото: Инстаграм принтскрин/velkovsneze/ unknown принтскрин