Радио Милева принова

Петар Грашо ќе стане татко, Хана потврди дека е бремена: „Многу сме возбудени и среќни“

Петар Грашо ќе стане татко, Хана потврди дека е бремена: „Многу сме возбудени и среќни“

Хрватскиот пејач и неговата 14 години помлада девојка ќе станат родители, а среќната вест ја потврди Мартина Подгорски, ПР-менаџерката на Грашо.

– Информациите за бременоста на Хана Хуљиќ се точно. Семејството и пријателите се многу среќни. Како што знаете Хана и Петар и понатаму ќе се трудат, колку што е можно, да ја сочуваат својата интима подалеку од очите на јавноста. За венчавка, сѐ уште немаат планови, рекла Мартина Подгорски, пишува хрватски „24сата“.

По овој повод се огласи и Хана потврди дека е бремена.

-Информацијата е точна. Многу сме среќни и возбудени, но не сакам ништо друго да коментирам, сакам некои работи да останат наша приватност, изјави Хана за „Јутарњи лист“.

За потсетување, како бомба одекна веста дека Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ раскинале по 24 годишна врска. Набргу  по раскинувањето со Данијела, Петар започна емотивна врска со ќерката на Тончи Хуљиќ, Хана Хуљиќ.

фото: принтскрин/инстаграм/moviawines/hana.huljic

To top