Пејачот Диматар Андоновски и неговата сопруга Христина станаа родители по вторпат.
Имено, парот повторно доби син. Со радосните вести Димитар се пофали на социјалните мрежи и откри кое име го одбрале за наследникот.
-Ти благодарам предобар Господи што денес јас и Христина Андоновски по втор пат сме благословени, и од денес ќе му се радуваме на нашиот втор син.Добродојде сине Гаврил да ми си здрав жив и благословен да се радуваме заедно цел живот, напиша тој покрај објавата.
Инаку, Христина и Димитар веќе го имаат синот Михаил кој си доби братче.
Под објавата се нижеа честитки за тазе родителите.
Честитки, да е жив и здрав.